Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици и професори од „Перо Наков“, неодамна ја посетија Гранада во Шпанија, преку програмата Еразмус плус на Националната агенција за образовни програми и мобилност.
Девет професори и осумнаесет ученици преку проектот „Имплементација на практична работа во образовниот процес, преку соработка и комуникација со маркетинг агенција и бизнис сектор во користење на икт алатки“, посетија повеќе училишта и обуки во Гранада.
Целта на проектот беше посета на повеќе училишта со слични профили и секако стекнување на нови вештини, наставни методи, примена на информатичко -компјутерски технологии во наставата. Имавме посета на часови по маркетинг, бизнис. Посетивме две стручни училишта во Гранада, посетувавме часови, учествувавме во настава, применувавме некои наши методи таму и научивме нови. Искуството беше неверојатно добро. Стекнавме нови вештини кои што можеме и се надеваме дека ќе ги примениме“- вели Бојана Ивановска, професор по англиски јазик.
Професорите во Гранада престојуваа една, а учениците две седмици. Средношколците учеа како се прави маркетинг план, свот анализа, реклами за различни медиуми и посетиле знаменитости во регионот.
Во Гранада снимивме видео за нашето училиште кое ќе биде промовирано на нашиот „Отврен ден“. Истото така видеото ќе биде презентирано и во сите основни училишта- кажа Драгана Георгиевска, ученичка.
Посетата на Шпанија за учениците и професорите е едно големо искуство, размена на знаења и стекнување нови контакти.