Ученици од Франција во посета на гимназијата
09.04.2014 12:41
| KumanovoNews
Ученици и професори од средно училиште од Дулен, Франција вечерва ќе пристигнат во Куманово и до 16 април ќе бидат во посета на Гимназија “Гоце Делчев“.
Тие ќе ги посетат Скопје, Охрид и знаменитостите во околината на Куманово.
Ќе дојдат 19 ученици и 3 професори од училиштето со кое сме збратимени. Тоа е училиште кое има гимназиски, но и стручни паралелки. Ќе има работилници, културно - забавни активности, ќе посетуваат часови и ќе бидат сместени во семејства - вели Лидија Тасевска, професор во гимназијата.
Соработката со училиштето од Дулен трае веќе трета година.