Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
22 ученика и 3 професори од училиштето Вал Доти од францускиот град Дулен, се во посета на гимназија “Гоце Делчев“, каде во текот на неделата ќе учествуваат во повеќе училишни активности.
Ова е прва средба со ученици. Ќе следи уште една во октомври со наши ученици во Франција. Тука се една недела. Дојдоа на 6 април навечер, а си одат на 13 април. Имаме програма секој ден со различни активности. Имаме еднодневни екскурзии во Скопје и Охрид и работилници. Тема е да се промовира културното наследство на Македонија и Франција. Тие истражувале за Охрид и ќе ги водиме тоа лично да го видат - вели Лидија Тасевска, професор по македонски јазик.
Претходно во ноември професори од Франција го посетија Куманово, а Гимназијата е збратимена со училиштето од Дулен и со други франкофонски училишта.