×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од „Кочо Рацин“ учествуваа на новогодишна работилница во Градската библиотека

    28.12.2019 17:48 | KumanovoNews

    Новогодишни честитки, украси, лампиони, елки се само дел од новогодишните украси, коишто ги изработија учениците од петто одделение од Основното училиште „Кочо Рацин“, на креативната работилница во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.

    Ученици од „Кочо Рацин“ учествуваа на новогодишна работилница во Градската библиотека

    Нивната наставничка Надица Димитриевска, вели дека е особено задоволна од ваквите работилници на коишто децата се запознаваат со убавината на новогодишните празници, а воедно и со самите културни институции на нашиот град.

    „Овде сме по желба на нашите ученици, а воедно и поради тоа што по предметот Општество имаме обврска да ги запознаеме културните институции во нашиот град, овојпат библиотеката „Тане Георгиевски“.  Целта е децата да го засакаат уште повеќе читањето. Истовремено имаат можност и да учествуваат во креативна работилница за изработка на новогодишни честитки и украси за новогодишна елка, се` со цел да се  забававуваат пред празниците и среќни и задоволни да ја дочекаме новата 2020 година,“- додава Димитриевска, одделенски наставник во ООУ „Кочо Рацин“.

    Децата велат дека на ваквите работилници секогаш со задоволство присуствуваат, бидејќи на  тој начин ја изразуваат својата креативност.

    „Денеска имаме новогодишна работилница, правиме најразлични украси и многу е забавно. Ние многу често гледаме идеи на интернет, па денеска се обидуваме да ги реализираме. Честитките најчесто ги делиме помеѓу другарчињата. Сакаме да учествуваме најмногу затоа што се дружиме, “- вели ученичката Ева Милевска.

    Директорката на библиотеката „Тане Георгиевски“ Христина Алексовска, вели дека вакви средби се особено важни, а дека децата кога еднаш ќе ја посетат библиотеката сакаат да доаѓаат повторно.

    „Ние во текот на целиот месец имавме работилници со учениците, особено ми е драго што денес кај нас се и децата од „Кочо Рацин“. Нивните насмевки зборуваат како се чувствуваат овде. Особено сум среќна, затоа што по секоја посета децата повторно се враќаат, а ние сме секогаш тука за нив,“- вели директорката Алексовска.

    Таа додава дека и наредната година ќе продолжат со вакви активности, со цел уште повеќе да се доближи книгата до најмалите.