Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од Техничкото училиште “Наце Буѓони“ учествуваа на саемот “МАКИНОВА 2013“ кој се оддржува на Скопски саем.
Александар Милановски, Иван Младеновски и Филип Бошковски ги претставија најуспешните трудови од минатите години “Хидраулична рака„, “Движечки механизам“ и “3Д дисплеј“, пред комисијата и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ по 34 - ти пат во континуитет од 1980 година организира изложба на иновации, нови технологии, нови пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво “МАКИНОВА 2013“. Паралелно се оддржува и 11 - та по ред изложба на иновации, пронајдоци, идеи чија цел е подобрување на животната средина “ЕКОНОВА 2013“.