Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марио Јанковиќ на тромбон и Ѓорѓи Калајџиев на фагот, ученици во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј од Скопје, синоќа одржаа концерт во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.
Публиката имаше можност да го проследи настапот на едни од најдобрите ученици во нашиот училишен музички центар, кои имаат висок квалитет на изведувачки можности. Марио Јанковиќ е во класата на професорот Ташко Тодоров, а Ѓорѓи Калјџиев на професорот Горан Зафировиќ. Искуството покажува дека Куманово има верна и бројна публика, која знае да ја цени музичката уметност и постојано ги посетува концертите.- изјави професорот по фагот Горан Зафировиќ.
Гост на вечерта беше ученикот Милош Спасиќ, кој настапи со своја композиција на клавир.
Ова е првиот од низата концерти, што во наредниот период ќе гo организира музичкото училиште од Скопје за кумановската публика.