Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од паралеките на албански јазик од техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово, оваа учебна година наставате ќе ја изведуваат во времени објекти кои Министерството за образование ќе ги постави во дворот на поранешната касарна во населбата Бедиња.
Решението е најдено откако родителите се заканија дека нема да ги пуштат децата на училиште поради тоа што нема доволен простор, па наставата се изведува во три смени во зградата на поранешен ЗИК.
Училиштето се соочува со недостаток на простор. Затоа планираме да донесеме некои од мобилните училници со кои располагаме, тоа е краткотрајно решение, но заедно со Општината, училиштето и Владата ќе најдеме некое подолготрајно решение во наредниот период -изјави министерот панче Кралев, кој денеска ги посети средните училишта „Наце Буѓони„ и „Перо Наков„.
Просторниот проблем во „Наце Буѓони„ настанал и поради големиот број на запишани ученици и оформени паралеки за струките медицинска сестра и компјутерска технологија. Во училиштето има само 10 училници, а 38 паралелки со 1200 ученици.
Одлуката на владата за отстапување на една зграда од касарната без наша согласност за потребите на Тетовскиот универзитет, ја сруши првичната концепција за создавање на средношколси центар каде што ќе бидат сместени сите средни училишта на албански јазик. Затоа побарав од министерот таа одлука да биде преиспитана, со што би се обезбедиле нови двесетина простотии и кабинети за потребите на училиштата. Тоа би дало видни резултати во подобрување на условите на образованието во средните училишта на албански наставен јазик во општината-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
До минатата година во времни објекти настава посетуваа и учениците од средното економско училиште „Перо Наков„, по што добија ново училиште во кругот на касарната.