Учениците ги добија полугодишните оценки
10.01.2014 14:10
| KumanovoNews
Дел од учениците деновиве ги добија евидентните листови со полугодишните оценки, а некои од нив ќе ги земат утре или во понеделник.

Ние одлучивме да ги поделиме утре бидејќи е неработен ден и можат да дојдат родителите, да се видат со класните раководители и да поразговараат. Учениците од 1 до 3 одделение се оценети описно, а другите бројчано - вели Надица Петровска, директор на ОУ“Вук Караџиќ“.
Евидентните листови содржат полугодишни оценки, поведение и бројот на изостаноци на учениците.