×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците и професорите протестираа пред МОН

    17.04.2015 12:07 | KumanovoNews

    Средношколците и претставници на Наставничкиот пленум од Куманово, денеска протестираа пред подрачното Министерство за образование и наука со барање да се укинат лошите реформи во образованието.

    Учениците и професорите протестираа пред МОН

    Претходно толпата се собра на Градскиот плоштад каде што беше кажано дека наместо да се модернизира, нашето образование е полно со контрадикторни реформи. Учениците оствариле само една неформална средба со претставници од Државниот просветен инспекторат, но засега немаат никаков одговор од МОН за нивните барања.

    Зарем ние не заслужуваме квалитетно образование како нашите врсници од развиените земји? Ние сме млади ентузијасти, желни за можности, да ги искажеме нашите идеи и погледи на свет. Секојдневно добиваме реакции и пофалби од надвор. Зарем надлежните ќе останат глуви на многуте писма од Народниот правобранител, да го испочитуваат основното човеково право, правото на слободно мислење? Ние сега и тука пишуваме историја - изјави Никола Крстевски, член на Средношколски пленум Куманово.

    Од Наставничкиот пленум испратија порака до надлежните дека нешто не е во ред со образованието, кое треба да претставува темел на општеството.

    Време е да го чуете гласот на оние кои треба да го имплементираат она што го замисливте, а е неостварливо. Ги учевме младите како да се размислува со отворен и слободен ум, како да се разликува добро од лошо, како  да создаваат лични и општествени вредности. Денеска сме тука сите заедно за да ви докажеме дека добро сме ја завршиле нашата работа, а тие нашата иднина се подготвени да го вложат својот потенцијал, знаење, храброст и одлучност, да изградат подобар и поквалитетен образовен систем - вели Маја Стојановска, претставник на Наставнички пленум Куманово.

    Стојановска објаснува дека се потребни измени во Законот за основно, средно, па и високо образование. Следната недела наставниците и професорите ќе продолжат со други форми на отпор кон новите реформи.