Учениците од “Браќа“ и “Бајрам Шабани“ заедно ќе китат елка
16.12.2013 14:36
| KumanovoNews
Учениците од основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“ заедно во сабота ќе китат новогодишна елка и училници.

Во 11 часот учениците и родителите од нашето училиште и од “Бајрам Шабани“ ќе дојдат за заедно да китиме елка. Станува збор за огромна елка која ќе ја китиме сигурно два часа и потоа одиме во училиштето партнер. Заедничкото украсување се прави по повод новогодишни празници - вели Валентина Павловска, координатор на акцијата.
Двете училишта соработуваат во рамки на проектот “Мултиетничка интеграција во образованието“.