Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од средните училишта „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“, го поделија првото место на општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа во организација на општинската организација на Црвен крст- Куманово.
На натпреварот учествуваа 14 екипи поделени во две возрасни категории- подмладок и младина.
Тема на 34- тиот годишен натпревар беше „Прва помош во училишна средина“, а се покажуваа знаења и вештини на санирање на повреди на три пункта по различни сценарија.
„На почетокот се задаваа сценарија, а се работеше на отворени рани, скршеници на скочен зглоб или клучна коска, реанимација и слично. Нашите ученици од втора и трета година веќе имаат претходна подготовка за реакција во такви моменти, дел од теоретскиот дел се изучува во втора година, дел од задолжителната практична настава спроведувана во Општа болница Куманово. Горди сме на нив, ова докажува дека подготвувавме здравствени работници кои веднаш по матурирањето потполно спремни можат да се вклучат во активна работа“, истакна професорката Магдалена Трајановиќ.
Тим лидер беше Ива Марија Несторовска, а останати членови беа Дарија Трендафиловска, Теодор Трајановиќ, Меланија Лазаревска, Александра Димитријевиќ и Мила Ивановска. За овој натпревар обучувач беше Теа Јанковска. Ментори на овој тим се професорките Магдалена Трајановиќ и Надица Трајковска.
По победата на општинскиот натпревар екипата на „Техничкото училиште“ се подготвува за државното првенство кое треба да се одржи во Скопје, кон средината на мај. Од претходната подготовка и досега покажаното се надеваат дека ќе остварат задоволителен успех и на републичко ниво.