×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од „Толи Зордумис“ во посета на полициската станица во Куманово

    26.12.2019 13:05 | KumanovoNews

    Учениците од училишната сообраќајна единица од Основното училишта „Толи Зордумис“ од Куманово, во рамките на одбележување на Неделата на безбедност во сообраќајот, денес ја посетија полициската станица во СВР Куманово, каде се запознаа со работата на полицијата.

    Учениците од „Толи Зордумис“ во посета на полициската станица во Куманово

    Како што објаснува началничката на превенција на СВР Кумaново Виолета Богдановски, учениците најмногу се заинтересирани за работа на крим техника и сообраќајна полиција, а заедно со полициските службеници ќе учестуваат на терен во контрола и регулирање на сообраќајот.

    „Учениците со полициските службеници ќе учествуваат во контрола и регулирање на сообраќајот при запирање на возила од наши службеници, ќе им поделат флаери и приврзоци подготвени за оваа намена на возачите и другите учесници во сообраќајот. Инаку, следуваат и други активности, делумно се со посета на СВР, други се со превентивни акции на терен и со едукативни содржини наменети за ученици од основни и средни училишта се` со цел за поголема безбедност во сообраќајот и не само тоа туку воопшто и во безбедноста на младите. Многу работи им се познати, тоа е знак на добрата работа и на наставниците а и на честите едукативни предавања коишто наши службеници ги спроведуваат,“- вели началничката Богдановски.

    Целта на одбележувањето на Неделата на безбедност во сообраќајот е за да се упрати порака до сите учесници во сообраќајот за поголема сообраќајна култура, како и почитување на сообраќајните прописи за да се постигне поголема безбедност за сите.