Ученичка од “Кочо Рацин“ најдобра на литературен конкурс
08.04.2013 08:35
| KumanovoNews
Сара Ѓорѓиоска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Кочо Рацин“ доби прва награда на литературниот конкурс кој го распиша Наш свет.
Првата награда ја освои Сара Ѓорѓиоска, а нејзин ментор е Тања Стоиљковиќ. Песната носи наслов “Тишина“. На конкурсот пристигнале огромен број на песни од цела Македонија. Жири комисијата одлучи дека нашата ученичка е најдобра. Во четврток на Денот на книгата наградата ќе биде доделена во Скопје - изјави Драгиша Цветковиќ, директор на ОУ “Кочо Рацин“.
Тој вели дека и досега нивни ученици имале успех на литературни конкурси низ Македонија и во соседна Србија.