Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод одбележување на 21 година од постоењето на Српската заедница во Македонија, членови од регионалниот одбор беа во посета на училиштата во Ново Село, Умин Дол, Љубодраг, Тромеѓа и во градинката кај Чик.
На децата кои следат настава на српски јазик им подарија училишен прибор. Децата беа воодушевени од подароците, а претставниците од Српската заедница се запознаа со просторните услови на училиштата во кои се изведува настава.
Вечерва во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во 19 часот ќе бидат промовирани две книги и тоа “Додик чувар српске“ од Милан Љепојевиќ и “Зидање на сонцето“ од Гордана Јовиќ Стојковска. На клавир ќе настапи Милош Спасиќ и камерниот состав “Виво“ од Куманово.