Училиштето “11 Октомври“ го прослави патронатот
Основното училиште „11 Октомври“ денеска го прослави патрониот празник со приредба во холот на училиштето.
Мотото на приредбата беше “Со насмевка можеш...“, а приредбата изобилуваше со песни, игри и хумор.
Присутните ги поздрави секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска.
11 Октомври е нешто со што треба да се гордеме. Тоа е почетокот на НОБ и создавањето на македонската држава. Ви го честитам празникот и ви посакувам безгрижно детство, да учите, да се сакате, да се почитувате. Вие сте иднината на нашиот град. Ние ќе вложуваме во Општина Куманово и се гордееме со вас затоа што вие сте генерации кои ќе го обелат образот на Општина Куманово - вели Алексовска.
На прославата и претходеше ликовна колонија во самото училиште. Ученциите ја потенцираа потребата граѓаните да бидат весели и насмеани.
Насмевката е јазик кој го разбираат сите, универзален јазик. Ако некогаш меѓусебно се разминуваме и попатно не мора да разговараме, туку доволно ќе биде со насмевка да се поздравиме. Насмевката е јазик кој го разбираат сите. Таа не знае за верска и национална определба и е наше орудие со кое треба да врвиме професионално кон успеси - рече директорката Мерилин Стојчевска.
ОУ “11 Октомври“ брои над 500 ученици.