×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Перо Наков“ ги претстави образовните капацитети пред идните средношколци

    26.05.2023 08:13 | Оливера Пешевска

    Во просториите на Средното стручно училиштето "Перо Наков" во Куманово вчера се одржа „Отворен ден“, притоа беа претставени насоките и профилите на кои деветоодделенците можат да се запишат во новата учебна 2023/2024 година.

    „Перо Наков“ ги претстави образовните капацитети пред идните средношколци

    Промоцијата предизвика интерес кај учениците од речиси сите училишта.

    "Дојдоа деца од  „Магадалена Антова“, „Браќа Миладиновци“, „Карпош“ с.Умин Дол, „Крсте Мисирков“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“,  значи голем дел од потенцијалните „наши“ деца“, изјави директорката Мила Жибак - Димковска.

    Училиштето „Перо Наков“ оваа година има 529 слободни места за упис во прва година. Од тоа  настава ќе се организира за 286 ученика во 10 паралелки  на македонски јазик и  243 во 9 паралелки на албански јазик. 

    Учениците можат да конкурираат за насоките за економски техничар, бизнис администратор, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, правен техничар, продавач, референт за продажни услуги на економско-правна и трговска струка, како и за техничар за изработка на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки, техничар за моделирање на облека/техничар за дизајн на облека, техничар за дизајн на облека од текстилно - кожарска струка. Постои и насока за графички дизајн на уметничко образование – ликовна уметност и дизајн, кој запишува само една паралелка со 34 ученика.

    Со годините опаѓа интересот за стручните струки, а идните средношколци најзаинтересирани се за професиите поврзани со интернет продажба или за некој од покреативните струки.

    „Најголем интерес има за техничар за е - трговија и дигитален маркетинг, од економските паралелки и графички дизајн од уметничките насоки. Тие два смера ги пополнуваме уште во првиот рок, за другите интересот е  послаб и незадоволителен“, појаснува Жибак Димковска.

    Училиштето има потпишано меморандум за соработка и договори со над 50 компании од Куманово. Дуалните паралелки од втора година имаат учење преку работа и практична настава во фирми, додека третта и четвртта година имаат феријална пракса во текот на летните месеци. Оваа практика се покажа како доста продуктивна затоа што учениците можат да научат и од практичниот дел од наставата, а воедно стекнуваат работни навики и вештини неопходни за професијата што ја одбрале. Подоцна и полесно се вклопуваат во работните процеси во фирмите.