Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во ОУ “Христијан Тодоровски - Карпош“ во село Младо Нагоричане, денеска беше прославен патронатот со богата културно - забавна програма.
Цвеќе пред бистата положија вработените во училиштето, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, учениците и други. Пред присутните се говореше за ликот и делото на Христијан Тодоровски - Карпош кој загинал на денешен ден во местото Биљача, прешевско.
Директорката Виолета Станковска вели дека благодарение на Општина Старо Нагоричане во дворот имаат биста на народниот херој по кој училиштето го носи името.
Цела недела имавме активности. Имавме натпревар на општинско ниво во пинг - понг, имавме натпревар во шах и ликовна колонија. Со тоа го одбележавме празникот. Инаку 12 години работиме во новоизградена зграда каде што учениците имаат услови за работа, каде што покажуваат успеси. Работиме на многу проекти, се здобивме со многу награди. Се работи тимски, сложно, училишната клима е на високо ниво. Тоа го покажуваме со тоа што учествувавме на “Техно саенс“, што го организираше “Наце Буѓони“ каде што добивме десет награди што од природни науки, што од спорт. Учествувавме на општинско ниво на крос каде сме се здобиле со три први места, две втори, едно трето и четири победнички места на пролетниот крос. Имаме соработка со полиција “Сите сме исти“, работевме проект “Спортот како фактор за толеранција, единство и почитување“ каде земаа учество шест општини и беше под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов - изјави Станковска.
Учениците на хорски смотри освоиле трето место, а Слаѓана Трајковска од петто одделение освои прво место во конкуренција на 400 пристигнати ликовни творби. Училиштето има вкупно 167 ученика, вклучувајќи ги учениците од школите во Бајловце, Облавце, Жељувино, Ѓорговци и секако Младо Нагоричане.