×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Фирмите да мигрираат на новиот систем на е-даноци

    18.06.2013 12:55 | KumanovoNews

     Остануваат уште 15 дена во кои фирмите треба да се регистрираат и да мигрираат кон новиот систем на е-даноци.

    УЈП: Фирмите да мигрираат на новиот систем на е-даноци

    Од 1 јули фирмите треба електронски да пријавуваат даноци до сервисот на УЈП. Уште 5.481 фирма треба да се регистрира, а 12.059 да мигрираат кон системот на е - даноци.

     На шалтерите во УЈП повеќе нема да се примаат ДДВ-пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма. Доколку фирмите не се прилагодат на новините во даночното работење, истите нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ-пријавата во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност. 12.059 правни лица и самостојни вршители на дејност кои моментално се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително ќе треба да мигрираат на новиот систем на електронски услуги на УЈП - вели Маре Данкова, портпарол на УЈП Дирекција Штип.

    Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски преку веб страница. За сите нејаснотии граѓаните можат да се обратат во  Инфо центарот на телефонот 0800 33 000.