Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Упрвата за јавни приходи, денеска во центарот за култура "Трајко Прокопиев" одржа предавање за електронски даноци наменето за даночните обврзници.
Пред присутните беше објаснет процесот со кој се поедноставува постапката за пријавување на даноци, а со кој Управата обезбедува електронска комуникација со обврзниците за едноставен и безбеден начин на поднесување на пријавите.
Според,надлежните од УЈП придобивките од електронскио систем се повеќекратни, поради тоа што се намалнуваат административните трошоци,се штеди на време, се намалува ризикот од човечки грешки, побрза е обработката на податоците и наплатата на даноците.
Системот е наменет за правните лица и вршители на дејност кои имаат обврска за поднеување на даночните пријави како што се пријави за данок на додадена вредност, акцизни пријави, пријави за фискална апаратура, данок на добивка и персонален данок на добивка,беше речено на присутните.
На предавањето беа објаснети и техничките предуслови за користење како и начинот на функционирањето на системот.