Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Управата за јавни приходи Куманово ги повикуваат граѓаните да го запазат рокот и до 15 март да поднесат годишна даночна пријава.
Доколку во текот на 2011 година: сте издале под закуп (кирија) или подзакуп, станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот.
Сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост.
Ви била исплатена дивиденда или камата по основ на заем кој сте го дале на физичко или правно лице.
Сте оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, учество на капитал и недвижен имот.
Сте оствариле добивка од игри на среќа, од спортско обложување, од лото, од ТВ наградни игри и имате лични примања од странство.
Работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претстваништвата кои уживаат дипломатски имунитет и сте оствариле и други приходи, задолжително поднесете Годишна даночна пријава до 15 март 2012 година- вели Сузана Стошевска Николовска, координатор во одделението на УЈП Куманово.
Сите граѓани кои во текот на годината оствариле само приход од: плата, пензија, земјоделска дејност или самостојна дејност граѓаните не се должни да поднесат Годишна даночна пријава.