×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинати возовите Скопје - Куманово, патниците велат дека без најава се оставени без превоз

    26.07.2022 15:55 | Сузана Николиќ

    Повеќе од еден месец жителите на Куманово и околните села останаа без железнички превоз затоа што се укинати возови на редовната линија Скопје - Табановце. Од 22 јуни годинава,  Железница Транспорт без најава ги повлекла од сообраќај четирите возови кои сообраќаат наутро и попладне.

    Укинати возовите Скопје - Куманово, патниците велат дека без најава се оставени без превоз

    Овие возови најмногу ги користат патници од Куманово, но и од селата Табановце, Речица, Романовце Агино Село, Дељадрвце, Миладиновци, Илинден и Маџари, кои одат на работ во Скопје. 

    „Никој не н`е извести, ниту пак најави дека е можно да ги сопрат возовите. Доаѓаме на станицата, нема воз и никој не знае дали ќе дојде. Така ден, два, три и видовме дека останавме без превоз. Имаме месечни карти, и не смееја така да не извисат. Отишле луѓе на благајна да си ги бараат парите ама не им ги вратиле, им викале наводно пак ќе ги пуштат возовите. Прво кажаа од 1 јули, па сега од 1 август. Ништо не е сигурно, кога еднаш нешто ќе се укине тешко се враќа“, вели нашиот соговорник, жител на кумановското село Романовце.

    На прашањето на патниците зошто се укинати возовите надлежните им кажале дека немаат доволно машини и возачи.

    Откако е воведена линијата Скопје - Табановце оваа е првпат целосно да се укине. Возниот билет во еден правец чини 86 денари и 120 денари повратна карта. Тоа е многу поповолно во однос на автобускиот превоз каде картата до Скопје чини 170 денари. Затоа се повеќе патници се одлучувата да патуваат со воз. Од Куманово до Скопје се стигнува за 39 минути.

    „Како поскапе автобуската карта, бројот на патници двојно се зголеми. Нели се воведе бесплатен превоз за студентите за да се поттикне користењето на железничкиот превоз. Во ударните термини наутро од Куманово во 5.25 и 8.15 часот и напладне во 16.25 часот од Скопје има најмногу патници. Тој во 20.20 навечер послабо и можеле само тој да го укинат, а не сите оддеднаш“, додава младиот човек, кој сега мора да патува со автомобил на работа во Скопје, бидејќи сите други опции му се поскапи и покомплицирани.

    Тој вели дека од нивното село Романовце има најмногу патници бидејќи тие немаат друга сообраќајна врска и затоа се најмногу засегнати од укинувањето на возовите. Тие поднеле барањето до Железница Транспорт за враќање на возовите, како и уште за два други проблеми за подобрување на железничкичката инфраструктура и  сообраќај во селото, но се уште немаат одговор.