Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Златен накит вреден 25 илјади евра, завчера е украден од куќа во месноста Говедарски пат, во близина на Филтер станицата.
Крадците во куќата на З.И. (61), околу полноќ влегле преку еден од прозорците, откако насилно го отвориле. При тоа одзеле златни нараквици, ланци и друг накит кој што сопственикот го чувал како капитал за црни денови.
Кражбите се честа појава во Куманово. Граѓаните велат дека не се чувствуваат безбедно во своите домови, а како една од причините за ваквите кривични дела ја посочуваат невработеностa.
Често има кражби. Крадат се и сешто по куќите, а крадците почнаа дури и да кинат златните ланчиња на жените по улиците- вели еден граѓанин.
Не сме безбедни дома, пред еден месец ми украдоа акумулатор и други делови од автомобилот и го оштетија при кражбата а никој не ги фати разбојниците, иако пријавив во полиција- додава друг жител на Kуманово
Парите да се чуваат во банка наместо дома, бидејќи и блиндираните врати за крадците не се проблем, ги обиваат- порачува третиот соговорник.
Вообичаено мета на крадците се куќите на периферијата на градот велат кумановци, а тоа се потврдува и со последниот голем грабеж на накит. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот.