Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители ноќеска украле дел од опремата на локалната телевизија Нова.
Одземени се една камера, две миксети и два компјутери. Крадците влегле во работните простории на телевизијата откако предходно одшрафиле еден од прозорците на вториот кат од зградата на поранешен Пионерски дом. Кражбата ја откриле вработените утринава кога дошле на работа. Полицијата извршила увид на лице место и работи на откривање на сторителите.
И покрај тоа што ни е украдена дел од опремата ние денеска нормално ги извршувавме работните задачи и целосно ја реализиравме програмската шема. Недостатокот на украдената опрема нема да влијае на квалитетот на нашата работа. Се надеваме дека органите на прогонот што побрзо ќе ги пронајдат крадците и ќе ни ја врата одземената опрема- изјави директорот на телевизијата Марјан Стошевски.