Украдени 15 лап-топи од „Браќа Миладиновци„
23.02.2013 12:31
| KumanovoNews
Во ОУ “Браќа Миладинови“ непознат сторител одзел 15 мини лап-топ компјутери.

Кражбата била извршена во ноќта, четврток наспроти петок, кога крадецот влегол преку отворен прозорец во една од училниците на првиот кат, по што на вториот кат насилно го отворил метален шкаф од каде ги одзел компјутерите. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.