Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственик на бурекчилница утринава пријавил дека му се украдени пари и производи од дуќанот.
„Денеска во 05.50 часот во СВР Куманово, М.Б.(60) од Куманово пријавил дека во периодот од 16.01.2025 до 17.01.2025 со употреба на сила било влезено во неговата бурекчилница и биле одземени пари и повеќе производи“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.