×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Украсувањето велигденски јајца е вистинска уметност

    10.04.2015 15:38 | KumanovoNews

    За вештите домаќинки, украсувањето на велигденските јајца е вистинска уметност.

    Украсувањето велигденски јајца е вистинска уметност

    Седумдесет и четиригодишната Петкана Стојковиќ од Куманово, посебно внимание и креативност му посветува на самиот чин на вапцување јајца. Првите велигденски јајца ги вапца пред изгрејсонце на Велики четврток, како што останало од старите. Објаснува дека јајцата можат да се шараат со кромид, тревки, салфетки, конци, со некоја тенка ткаенина, желатин  и слично, за да изгледаат убаво и несекојдневно.

    Иглички од цвеќе кога ќе ставиме во чорапа со јајцето, и кога ќе се свари и одврзе изгледаат како ракети. Со желатин се шараат јајцата и изгледаат како да имаат кристали. За да фати бојата поубаво, додека се варат јајцата треба да се стави малку сол и оцет. Бојата ќе биде поинтензивна и кога ќе им дадете јајца на децата, нема да им се обојат рацете. Така останало од нашите стари, од бабите. За да светат јајцата, откако ќе бидат готови ги премачкувам со крпа со зејтин. Со внуките со фломастери цртаме на јајцето. Сега младите читаат на интернет и поубаво ќе научат да украсат јајца. Порано јајца се бојосуваа во црвена боја и во кромид, а сега бојосувам јајца во многу бои - кажа Стојковиќ.

    Оваа домаќинка секоја година вапца по 80 јајца, и на младите им порачува да го почитуваат празникот, но и да не заборават да постат.

    Како се вапцаат јајца научив од баба ми и мајка ми. Живеев на село и со баба ми беревме млечка за бојадисување на јајца. Сега има многу поголем избор на бои, украси, налепници. Домаќинката секогаш треба да биде активна, да има волја она што го работи да го сработи добро. Јајца прво се дава на домашните, на децата, на внуците, на соседите. На сите деца што ќе дојдат им даваме јајца - додава нашата соговорничка.

    Јајцето е најпопуларен велигденски симбол, кој го симболизира Христовото воскресение. Црвената боја ја симболизира крвта на Исус, пролеана за спасение на луѓето на земјата.