×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укшини бара оставка од Стојковски

    04.08.2015 15:35 | KumanovoNews

     Техничкиот директор на Водостопанство Емрла Укшини бара оставка од генералниот директор на ЈП Водовод Горан Стојковски, затоа што лошо го менаџирал претпријатието. Стојковски возвраќа дека доколку се решат напластените децениски проблеми тој е подготвен да се тргне од функцијата, но во барањето на Укшини гледа политика.


    Укшини бара оставка од Стојковски

    И додека сеуште не е целосно нормализирано водоснабдувањето на Куманово, откако викендов имаше проблеми во одредени делови на градот, препукувањата на раководствата во двете претпријатија никако да престанат.

    Од јавното претпријатије “Водовод“ велат дека “бај пасот“ добиваат 60  литри во секунда,  што не е доволно за да водоснабдувањето се одвива нормално, но поради падот на температурите состојбата не е алармантна.

    “ Од потребни 100 до 110 литри во секунда, по “бај пас“ добиваме 58 литри во секунда, што апсолутно не е доволно за да ги задоволиме потребите на градот,  за пиење вода во овие жешки денови. Се надеваме дека дефектите кои што наводно постојат во “Кумановско-липковско поле“, ќе бидат отстранети. “-вели Горан Стојковски, директор на “Водовод“.

    Од Водостопанство “Кумановско-липковско поле“, пак тврдат дека испорачуваат доволни количини на вода, а проблемот со водоснабдувањето е поради лошото менаџирање на “Водовод“, и бараат директорот Горан Стојковски да поднесе оставка.

    “Менаџерскиот тим на “Водовод“ се однесува неодговорно, не само кон Водостопанство, туку и кон граѓаните на Куманово. Јас потенцирам доколку за 24 часа Горан Стојковски поднесе оставка Куманово ќе добие вода. Куманово нема вода бидејќи Стојковски сака преку Водовод да стане иден градоначалник на Куманово“-рече Емрла Укшини, раководител на сектор за експлоатација и одржување на ХМС во Водостопанство.

    Стојковски возвраќа дека доколку се решат напластените децениски проблеми тој е подготвен да се тргне од функцијата, но во барањето на Укшини гледа политика.

    И додека траат препукувањата помеѓу раководствата на двете претпријатија, граѓаните од високите зони со недели жедни чекаат вода.
    Во последните четири дена поради високите температури, се потрошени милион метри кубни вода.