Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес конфересија ги отфрли изнесените обвинувања на младите на СДСМ дека Владата не направила ништо да го подобри животот на нивните врсници во општината Куманово.
Се злоупотребуваат сите преокти што се реализирани од ВМРО-ДПМНЕ, а се од заеднички интерес независно од партиска припадност на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија во државата, која дава отчет пред граѓаните со многу прецизна и транспарентна форма. Затоа ќе им покажаме на младите на СДСМ, дека некогаш не зборуваме без факти и аргументи, и дека секој наш збор има тежина. Младите на СДСМ наведоа еден куп невистини за состојбите во образованите и здравството - рече Срѓан Ивановски, претседател на УМС.
Во продолжение на прес-конференцијата две девојки, членки на унијата ги прочитаа сите активности и проекти што ги реализирала Владата во споменатите области.