Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Меѓународниот ден на мајчин јазик, денеска на Градскиот плоштад во Куманово отвори штанд на кој делеше флаери, а вечерва ќе одржи трибина на која ќе се говори за значењето и зачувувањето на македонскиот јазик.
Доколку кај некој млад човек настапи дилема и можеби свесно или несвесно го постави прашањето зашто говарам македонски, одговорот би бил едноставен и јасен. Тоа е јазик на кој говореле нашите предци и е наследство на нашите потомци. Само на тој начин преку развивање на свеста за зачувување и говорење на мајчиниот јазик, македонската младина може да се нарече младина со светски вредности- рече претседателот Срѓан Ивановски.
По повод овој ден, на социјалните мрежи младите на ВМРО-ДПМНЕ своите лични имиња и презимиња од латиница ги напишале на кирилица. Трибината вечерва ќе се одржи во Центраот за култура во 19 часот.