×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уписот на првачиња почнува од 1 мај

    15.04.2013 09:57 | KumanovoNews

     Од 1 мај до 1 јуни трае уписот на првачиња во основните училишта во градот.

    Уписот на првачиња почнува од 1 мај

    Ќе треба да се запишат деца родени во 2007 година заклучно со 31 јануари 2008 година. Родителите треба да донесат оригинал извод од матична книга на родените, потврда за иминизација на дете, потврда од стоматолог, прашалник за предзнаење се прави со помош на психолог и педагог. Се потполнува и ЛОБИ - листа со податоци за образование на родители, професија, афинитети, аномалии на детето, развој на детето во предучилишен период - велат Соња Поповиќ, педагог и Билјана Стоиловска, психолог во ОУ“Браќа Миладиновци“.

    Родителите треба рокот од еден месец за уписи на првачиња да го искористат, но и оние кои ќе задоцнат ќе можат подоцна да ги запишат своите деца во основно училиште.