×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешната приказна на „Гуд стајлинг“ се шири во ексклузивен салон во центарот на градот

    30.06.2020 16:47 | KumanovoNews

    Креативната приказна на бутикот „Гуд Стајлинг“ започна во 2015 година како мал семеен бизнис, а се разви во успешен бренд којшто е познат не само во Куманово туку и пошироко.

    Успешната приказна на „Гуд стајлинг“ се шири во ексклузивен салон во центарот на градот

    Сопственикот Даниел Лазаревски Петровски, вели дека со многу труд, љубов и посветеност во изминатите 5 години успеал да се наметне на пазарот на модата, иако кога го почнувал бизнисот ни од далеку не се надевал дека бутик којшто се наоѓа на толку мал простор ќе прерасне во модно катче за многу генерации.

    Како што се зголемувала продажбата и интересот за нивните парчиња, така растел и мотивот за отворање на нешто убаво, екслузивно и несекојдневно во градот. Со пронаоѓањето на прсторот во срцето на градот, во Занаетчискиот дом, сопственикот ја потполнил сликата, која подолго време ја сонувал со отворени очи.

    „Така решивме да отвориме голем ексклузивен, естетски уреден продажен салон, кој би можел да стои на исто рамниште со некои од поголемите светски брендови - лоциран па Плоштадот во зградата на Занаетчискиот дом. Во креирањето на просторот, сите заеднички учествувавме со свои идеи, но најголемата заслуга и најголемиот дел од работата го заврши нашиот семеен пријател и дизајнер Далибор Димковски, за кого би ја искористил приликава да му се заблагодарам за целокупниот ангажман. Она што ние ќе го понудиме е, пријатен амбиент, убаво уреден и конфорен простор, голем спектар на облека и обувки кои можат да се искористат за секаква пригода и сечија потреба“, посочува Лазаревски Петровски.

    Во новиот салон клиентите не само што ќе можат да најдат најразновиден избор на машка и женска облека и обувки по прифатливи цени за секого, туку ќе можат да уживаат и во пријатниот амбинет.

    „Во оваа прилика ќе ги поканам сите кумановци да присуствуваат на нашето големо зедничко отварање, кое ќе се случи во четврток (9.7.2020) со почеток од 8 часот наутро. Ќе имаме промотивни цени, големи изненадувања и подароци за сите посетители“, порачува Даниел.

    Младиот сопственик, верува дека со новиот салон ќе ја надмине успешност на првиот бутик, која се покажала уште пред отворањето, а кој се наоѓа во просториите на некогашен „Туш“. Уште додека течеле подготовките, купувачиите изразиле голема заинтересираност за нивната облека. Тој, со задоволство и низ насмевка се сеќава дека првото парче продадена облека, биле жолти тренерки.

    „Се сеќавам дури и на првите клиенти, тоа за сите нас беше големо доживување. Иако беше пред 5 години, жолтите тренерки први продадени се` уште ги паметам. Имаже многу купувачи, на наше големо изненадување уште вечерта кога се подготвувавме за утрешното отварање- имавме заинтересирни купувачи, бидејќи се наѓавме во самиот маркет. Мислам дека ние бевме и единствени во тоа време што направивме таков чекор да отвориме бутик на таква локација подалеку од центарот на градот. Идејата се роди од претходното работење со трговија на облека која се одвиваше во склоп на ЈП „Пазариште“, вели Лазаревски Петровски.

    Бутикот „Гуд стајлинг“ на старата локација ќе остане да работи и понатаму, а се примаат и онлајн нарачки на нивните производи.

    Сопственикот, вели дека во моментот ќе се сконцентираат на задоволување на потребите на клиентите во двата бутика, но во иднина не ја исклучуваат можноста за проширување на своите капацитети и на регионално ниво.

    (комерцијален текст)