Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во вториот циклус 12 невработени кумановци се субвенционирани при вработување со програмите кои ги нуди државата.
За оваа програма имаше голем интерес. Со програмата субвенционирано вработување се вработени 12 кумановци само во вториот циклус. Опфатени се луѓе од различни категории вклучувајќи и деца без родители. Преку програмата државата дава 13.000 денари месечно во првите шест месеци за плата и придонеси, со обврска работодавачот да го задржи работникот уште 12 месеци на работа - објаснуваат од Центар за вработување Куманово.
Во првиот циклус годинава мерката за субвенционирање при вработување ја искористија 24 невработени луѓе кои се ангажирани во исто толку фирми.