Уште 8 новозаболени од коронавирус во Куманово

16.08.2021 22:48 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.480 тестирањa. По градови во: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.

Уште 8 новозаболени од коронавирус во Куманово

Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово - 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово - 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.

Пријавени се 8 починати лица: 3 починати лица од Гостивар (54, 69 и 78), по 2 лица од Струга (69 и 74) и Тетово (44 и 51) и едно лице од Кочани (74). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 70938, Активни 2001
Куманово 9310, Активни 363
Тетово 8628, Активни 1172
Битола 6453, Активни 124
Гостивар 6116, Активни 820.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk