Мени

Утре без струја дел од „Октомвриска“, „Доне Божинов“, „Никола Тесла“ и Средорек

26.11.2025 08:57 | KumanovoNews

Планиран прекин на електричната енергија утре /27 ноември/ ќе има на неколку улици и во една населба во Куманово.

 

Утре без струја дел од „Октомвриска“, „Доне Божинов“, „Никола Тесла“ и Средорек

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), без струја од 08:00 до 15:00 ќе останат потрошувачите во населбата Средорек, на почетокот на улицата „Никола Тесла“, објектите околу старата Печатница, сите објекти и згради помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“ и реката - поточно од семафорите до Тутунска банка и на дел од ул. „Доне Божинов“ до кружниот тек до пругата.

Планиран прекин на електричната енергија од 08:30 до 14:00 часот ќе има и во следните фирми: „МЕГА СОЛАР ЕНЕРЏИ“, „БИГ ЕПЛ“, „СОЛАРИС ГРУП“, „ХЕЛИОС СОЛАР“, „ФОТОНАПОН“, „ЕМЕ ПОВЕР“, „ФОТОНАПОН 2“, „САН ЕНЕРЏИ“, „ПАЛПАС ЕНЕРЏИ 2“, „ПАЛПАС ЕНЕРЏИ 1“ и „ВАТ ТЕХНОЛОГИЕС“.