Утре без струја повеќе улици во градот
16.01.2014 15:33
| KumanovoNews
Поради инвестициони зафати на мрежата, утре без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе бидат повеќе објекти во центарот на градот и домаќинства од повеќе улици.

Без напојување со електрична енергија ќе бидат Центарот за култура, улиците “Народна револуција“, “Перо Наков“, “Ангел Шајле“, “Салтир Наумов“, Пионерски дом, дел од “Трета МУБ“ и “Кирил и Методиј“, информираат од Регионален центар за управување со кризи.