Утре ќе продолжи седницата за советнички прашања
21.10.2013 14:04
| KumanovoNews
Утре ќе се одржи десетата седница на Советот на Општината, на која ќе се поставуваат советнички прашања.
Оваа седница беше прекината во четврток, откако советниците од коалицијата на СДСМ, директорите на јавните претпријатија и локалната администрација ја напуштија во знак на поддршка на Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на Општина Центар нивен сопартиец.
Советниците на опозицијата тогаш бурно реагираа и побараа од локалната власт, партиските проблеми од централно ниво да не се пренесуваат во кумановскиот законодавен дом.