Утре гласаат болните лица
05.04.2013 14:27
| KumanovoNews
На територија на Општина Куманово утре гласаат 388 болни луѓе и четворица граѓани кои се во куќен притвор.

Членовите на избирачките одбори утре ќе излезат на терен и на оваа катергорија на граѓани ќе им овозможат гласање во домашни услови.
Од Општинската изборна комисија велат дека во првиот круг дома гласале 168 болни лица.