×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре ќе се објават првични резултати за причините за смртта на починатата родилка

    03.10.2024 15:16 | KumanovoNews

    Формирана е комисија која треба да утврди дали имало пропусти во случајот со починатата родилка во Куманово, а првичните информации ќе може да се очекуваат утре, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

    Утре ќе се објават првични резултати за причините за смртта на починатата родилка

    „Комисијата работи, нас ни требаат осум дена. Утре имаме прес-конференција сигурно ќе имаме и првични информации. Чекаме и резултати од обдукцијата и ќе видиме. Не би сакал да шпекулирам, да почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали имало лекарска грешка или не“, истакна Таравари на новинарско прашање.

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 1 октомври изврши вонреден инспекциски надзор во Кумановската општа болница за случајот со починатата родилка.

    Триесет и едногодишната родилка, која почина во Кумановската болница, при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог, покажа вонредниот инспекциски надзор. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања.
    Новороденчето се наоѓа на Детската клиника во Скопје и неговата состојба се следи.

    Од Јавното обвинителство, пак, ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

    Жената, која била во девети месец од бременоста, дошла во болницата откако ѝ почнало породувањето, но еден ден потоа состојбата нагло и се влошила и таа ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост.