Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
300 матуранти од градот, традиционално и оваа година ќе бидат дел од големата матурска парада, што утре истовремено ќе се одржи во седумдесетина европски градови
Точно во 12 часот на Градскиот плоштад ќе танцуваат околу 150 пара или 300 ученика, кои досега се пријавиле. Танчерскиот сојуз на Македонија е генерален организатор на балот на ниво на Македонија и заедно со професорите на средните училишта ќе го одиграат Штраусовиот валцер „Летот на лилјакот“ на ист начин како сите матуранти во Европа- рече Жика Крстевски раководителот на Секторот за култура и образование на градот.
Музиката ќе биде пуштена преку Антена 5 радио дирекно вклучена во програмата на словенечкото радио „Вал 202“ и сите ќе танцуваат на иста кореографија.
Овој настан е под покровителство на градоначалникот и Советот на Oпштината.