Повеќе кумановски населби утре пет часа ќе останат без струја
09.09.2024 12:40
| KumanovoNews
Петчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија утре ќе имаат потрошувачите во повеќе населби во Куманово.

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во Куманово, во вторник на 10 септември, во периодот од 07.15 до 12.00 часот, струја ќе нема во целата населба Карпош, заедно со индустриска зона. Исто така и во населбите Иго Тричковиќ (Пуковско), во населбата Перо Чичо во м.в. Багрем Бања и Стари Лозја, ул. Анѓа Ранковиќ и во нас. нас. Ајдучка Чешма.