Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце утре ќе се затвори Детски ликовен камп “АСНОМ 2013“, а истовремено ќе биде отворена изложба на изработените дела.
Учествуваат 14 деца од основните училишта во градот. Тие од понеделник се во Пелинце и таму творат во повеќе техники. Утре ќе биде затварањето на кампот и сликите ќе бидат изложени во 12 часот. Планираме во рамки на Ноемвриски денови да направиме изложба со цртежи од сите три години. Тие слики ќе бидат на аукција и парите собрани од продажбата на сликите ќе одат во хумани цели - вели Роберт Симоновски од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.
Настанот го организира Фондацијата за спорт и култура Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Изложбата ќе се отвори во 12 часот.