Утрово во Куманово -5, утре до -12
Во Куманово утрово се измерени температури од -5 степени, а утре температурите ќе се спуштат до -12.

Утрово имаме температури од -13 во Маврово , 12 Лазарополе, 11 Пожаране, Крушево, 10 Ѓуриште, 8 Тополчани, Претор, 7 Дебар, Крива Паланка, Берово, -6 Прилеп, 5 Охрид, Битола, Тетово, Куманово, -4 Скопје Зајчев Рид , Штип, Виница, 3 Кавадарци, Струмица, -2 Дојран и Демир Капија.
„Времето денеска променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Претпладнево во западните планинските предели сo провејување на снег. Дневната температура ќе се движи во интервалот од -6 до 1 степен“- велат од УХМР.
Утре температурите ќе бидат -12, а мало затоплување ќе има во среда.