Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 2500 кучиња се вакцинирани од беснило, во текот на месецот во кумановските села, а во наредниот период со вакцинација ќе бидат опфатени кучињата во градот.
При крај сме со вакцинација на кучиња во руралните средини. Беа опфатени сите села. Од куќа на куќа одат по двајца ветеринари. Со вакцинација против беснило почнавме од 2 јануари. Сега ќе почнеме во урбана средина и треба да се вакцинираат околу 500 кучиња. Даваме и таблети против паразити - вели Јовица Стојковски, директор на Ветеринарна станица “Тодор Велков“.
Газдите кои нема да ги вакцинираат кучињата ќе се соочат со ригорозни парични казни.