×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ванчо Полазаревски го посети ОУ “Крсте Мисирков“

    22.12.2012 10:21 | KumanovoNews

     Детскиот писател Ванчо Полазаревски вчера се сретна со основците од ОУ “Крсте Мисирков“. Тој пред учениците читаше свои песни и им раскажуваше  како тој почнал да пишува.

    Ванчо Полазаревски го посети ОУ “Крсте Мисирков“

     Бев многу љубопитен, сакав многу да читам книги. Се она што го имаше во мојата фантазија јас го барав во околината каде што живеев. И јас имам омилен писател, но тој не пишува за деца, сега е веќе покоен, се вика Хорхе Луис Борхес од Аргентина. Тој има многу убави раскази, а од детските писатели го сакам Џани Родари, вие сигурно го знаете. Борхес вели во една своја изрека дека “ноќта е долга и осамена свеченост“, но тоа е за повозрасни. Вие со години читајќи ќе го менувате својот вкус за литература. На пример ако се возите во воз три часа вие можете да читате - им кажа на децата Полазаревски.

    Пред учениците писателот рече дека уредувал неколку детски списанија. Ова негово гостување е дел од манифестацијата “час со еден писател“ која ја организира Градската библиотека “Тане Георгиевски“.