×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: Цела недела тече вода од пукната цевка на главниот вод

    25.04.2012 08:07 | KumanovoNews

    Шест дена истекуваат сторици литри сирова вода во минута, за вода која се молевме цела зима да се собере во езерата, за да не сме жедни цело лето.

    Ваши писма: Цела недела тече вода од пукната цевка на главниот вод

    Пишувам на Вашиот портал, со цел мојот апел да допре до што поголем број на луѓе од Куманово и Републиката.

    Најпрво да ги информирам сите мои сограѓани, кои последните неколку денови имаат намален притисок на вода во нивните домови или можеби и воопшто немаат, дека во близината на фабриката „11 Октомври„, веќе шести ден е пукната главната цевка за довод на сирова вода.

    Шест дена директно од езерото истекуваат 100-ци литри сирова вода во минута, вода за која се молевме во зимскиот период да се акумулира во езерата,  за да не трпиме летово.

    Не знам зошто на никого веќе не му е грижа за ништо. Претпоставувам дека повторно се истите приказни, играње тенис помеѓу Водовод и Водостопанство за надлежност околу работата.

    Аман бре луѓе свестете се веќе, и вие живеете во овој град, престанете со водење на ситна и мизерна политика, и еднаш за секогаш организирајте го водоснабдувањето на Куманово како што треба, за доброто на сите нас.

    Поздрав од еден искрено загрижен граѓанин!!!