×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Крвава раскрсница

    24.08.2011 09:03 | KumanovoNews

     Почитувана редакцијо се надевам дека ќе најдете простор да го објавите моето писмо за што однапред сум ви благодарен.

    ВАШИ ПИСМА: Крвава раскрсница

    Како и секој граѓанин на овој град-општина плаќам данок, почитувам ред и дисциплина, ама неможам да останам рамнодушен на инертноста на градските власти кон одредени случувања во градот.

    Сум прошетал и видел како се поставени работите на Запад ама и на Исток, па затоа се прашувам, зошто и ние не функционираме компактно? Каде е прекинат синџирот и кои се прекинувачите на нишката од ланецот, и зошто го прават тоа? Зарем градските татковци на крајот на денот, кога ќе станат од фотељата или работното биро не се прашуваат што работа завршиле во текот на денот, за да можат мирно да си заминат дома? Си го поставуваат ли понекогаш прашењето колку нивните сограѓани се безбедни во функционирањето на градскиот сообраќај? Несакам да навлегувам во детаљи ама последниот случај многу ме трогна.

    Загина мотоџија, а сопатничката се бори за живот?!!!! Во низата причини кои допринеле да се случи сообраќајната незгода, основната е дека семафорите на раскрсницата НЕ РАБОТАТ!!!!!!

    Прочитав и дека некој пијаница се зачукал и го исекол во корен семафорот, но сепак до сега требаше да се постави нов!

    Затоа сакам јавно да прашам, кои сообраќајни инжињери ја нацртаа раскрсницата кај Митев мост????

    Ги следат ли тие трендовите и светските стандарди што ги применуваат нивните колеги? Најверојатно не, бидејќи  во спротивно наместо небезбедна и лавиринтска раскрсница ќе направеа КРУЖЕН ТЕК и ќе го споеа корисното и безбедното со еден потег. Ај вака движи се по „Трета МУБ„ и обиди се да продолжиш по „Моша Пијаде„. Како ќе се укљуциш? Колку уште треба да се друскаш за да стигнес до РОСА на пример?

    Да не зборуваме дека и 180 км/час брзина може да се постигне од семафорите кај Тракторска до Ловачки дом, исто како и на другите булевари, а никаде нема лежечки полицајци пред пешачките премини, како превенција.

    Загинаа тројца млади дечки во 2008 година (мислам дека тогаш беше) на булеварот „Октомвриска револуција„, а една од причините покрај неприлагодената брзина беше и повисокото ниво на бетонската шахта. Потоа се поправи целиот дел од спортска сала до раскрсницата, ама се плати данок во крв.

    Има уште многу работи кои ми сметаат ама толку за сега. Со ова мое писмо ако ништо повеќе, барем малку сакам да ги натерам надлежните да размислат и да интервенираат, пред да се зацрни уште некоја мајка.

    Со почит,

    Горан Симоновски