×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: Порта кон „пеколот“

    05.03.2014 15:10 | KumanovoNews

    Ова не е хорор филм ова е нешто многу полошо и пореално од обичен филм. Ова е мојата населба „Перо Чичо“…

    Ваши писма: Порта кон „пеколот“

    На само еден километер од центарот на Куманово се наоѓа една од најстарите приградски населби во Куманово. Но не само што е една од најстарите, таа е една од најзапуштените, најзагадените, најнеурбанизираните и најнеорганизираните населби во нашиот град.

    Уште на самоит влез или “порта”, како што јас ја нареков, се гледа грдата слика на целата населба. Тони ѓубре, раскопана улица од еден крај на друг и не поправена, кал и блато до колена и затната канализација. За да дознаете повеќе за населбата не морате да навлегувате длабоко во неа, влезот кај железничкиот мост и околу него доволно зборува самиот за себе. Една слика илјада зборови!

    Кога ќе падне дождот, земјоделците се радуваат ќе имало добар род, но ние жителите на “Перо Чичо”, плачеме од мака знаејќи што не чека. Кој нема автомобил ќе мора пеш да излезе од дома, но проблем e како да излезе од својата и како да ја помине соседната улица. Која од која по заникаде. И таман ќе стигнеш до асфалтот, поминува автомобил и те прска од глава до петици.

    Не е крив ни возачот што дупките полни со вода некогаш биле дупки, а сега се кратери ископани од поројните дождови. Можеш да ги споредиш со базени и од наредната година попот за Водици да фрла крст во една од тие дупки, има место за неколку луѓе….

    Од друга страна пак, тој што има автомобил, неговото возило е постојан пациент на некој од околните авто сервиси, затоа што возејќи по вакви патишта дефектите се редовни.

    Баба ми и дедо ми се доселени во 1962 година на ова место. Не само што едниот од нив не дочека да видат асфалтирана улица, ме плаши фактот што ни јас ни моето дете од 4 години нема да дочекаме, како е да излезеш од дворот и да почувствуваш дека 21 век стигнал и кај нас.

    Едно сакам да потестам: месечината ја освоиле пред скоро 50 години. Сега слетуваат на Марс! И со вонземјаните најверојатно ќе се запознаеме, но за жал мојата и многу други улици во “Перо Чичо” ќе останат исти.

    Еве неколку слики од мојата улица: Благоја Думановски Пецкајлија

    (Авторот познат на редакцијата)