Повреден работник во каменолом во Куманово
29.04.2026 21:04
| KumanovoNews
Педесет и седумгодишен кумановец вчера бил повреден додека извршувал работни задачи во каменолом.
„Во 13:34 часот било пријавено дека во каменолом на улицата „Народна револуција“ со тешки телесни повреди се здобил В.П. (57) од Куманово“, соопшти МВР.
Според пријавеното, работникот се повредил за време на извршување на работните задачи, а повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.