×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Улицата „Боро Прцан„ узурпирана и неасфалтирана

    26.04.2010 10:14 | KumanovoNews

    У лицата „Боро Прцан„ проектирана е пред 50 години или поточно во 1960 година и во делот од броевите 1 до 21 сеуште не е асфалтирана, ниту на друг начин уредена.

    ВАШИ ПИСМА: Улицата „Боро Прцан„ узурпирана и неасфалтирана

    На еден нејзин дел, нејзината широчина е само 40 см и не можат да поминат луѓето, особено корпулентните и  децата со ученички торби или багаж. Улицата е многу фрекфентна, бидејќи се наоѓа во близина на  ОУ „Толи Зордумис„,Градската болница, продавници и сл. За да дојде до овие и до другите улици потребно е да се пешачи по 1 км.

    Инаку ул.„Боро Прцан„ во програмата на Општината се става секоја година, во изминатите 50 години. Најсрамно е што одборниците, односно советниците Македонци зад кулисно велат дека тој дел ќе го завземе албанското население, а албанските претставници се со изговор дека во овој дел претежно живее православни население. Ова оди дотаму што кога ќе почне да врне, неможе да се помине ни со чадор. Спорна е само 1 куќа со 2 приземни простории за која двајцата сопственици во минатото добија од Општината плацеви, изградија куќи. Со олук од керамидите ја наведуваат водата да тече во теснецот и на главите на поминувачите. Сега се направи и модерна улица над Болницата, но попусто е тоа кога калот од оваа улица ќе ја пренесуваат на новоизградената улица.

     Споредната ул.„Вера Јоциќ„ жителите од бр.16 ја узурпираа, затворија, изградија објекти, дел ја претворија во депонија, а атмосферската вода дирекно е наведена во шахта и ја полни канализацијата со талог и ѓубре. Досега инспекциските служби не реагираа.

                                                                      Група граѓани од МЗ „11 Ноември„- Куманово