Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартина Димитриевска, 5 одделение од основното училиште „11 Октомври„ денеска доби велосипед од здружението на жени „Кумановка„.Велигденскиот подарок беше изненадување за Мартина, која не ја криеше својата радост.
Подарокот заврши во вистински раце, и на вистинско место.Девојчето со нескриена радост го прими и пријатно се изненади на подарокот. Заедно со неа и целото одделение ја сподели денешаната радост. Мартина е солидна и примерна ученичка, вистинска другарка која несебично им помага на своите другарчиња - рече учителката Мерилин Стојчевска.
Од „Кумановка„ кажуваат дека нивната велигденска акција е традиционална, а оваа година ја обезбедила фабриката Собим.
Секоја година за Велигден, од спонзорства обезбедуваме подарок за училиште, кое учествува на нашата манифестација во аранжирање на цвеќа. Оваа година одлучивме тоа да биде во „11 Октомври„, каде ни беше посочено, кое дете да се израдува.Настојувавме тоа да биде добар ученик, на кој семејството му е тешка матерјална состојба. Се работи за дете со самохран родител и затоа ни е драго што му ги разубавивме празниците-рече Виолета Петровска, претседателка на здружението.
Во името на ученичката и училиштето се заблагодари директорот Круме Младеновски, кој истакна дека училиштето е отворено за соработка со сите невладини организации се во интерес на учениците и училиштето.